Зелената глина се истакнува како најефикасна меѓу многуте типови глина кои постојат. Таа е најценетото природно козметичко средство со извонредно регенеративно и ревитализирачко дејство врз кожата. Во природата постојат различни типови на глина, со различни бои. Виталиа ја одбра зелената глина бидејќи нејзиното дејство e најефикасно.
Благодарение на високата концентрација на минерали и олигоелементи, зелената глина помага во лекување на голем спектар кожни заболувања како акни, мозолки, чирови, рани и исекотини. Може да ја користите и како природен антирид (средство против брчки), за освежување, прочистување, дезинфекција и дезодорирање на кожата.
Маска за лице се подготвува така што 1 лажичка прав од глината се раствара со малку вода за да се добие густа хомогена маса. Потоа се нанесува во рамномерен слој на лице, врат и деколте, па се остава да се исуши. Доколку имате сува кожа додадете неколку капки маслиново масло. Маската извадете ја штом ќе почуствувате дека ви го затега лицето. Направете го тоа со млака вода или со чај од камилица. Потоа намачкајте се со крема.
Ставајте ја оваа маска двапати неделно. Таа ќе Ви ја подмлади кожата, ќе Ви ги израмни брчките, ќе Ви го освежи тенот и ќе го врати неговиот природен сјај. Глината за надворешна употреба на Виталиа е единствена на пазарот. Пробајте ја и уверете се во нејзините делоторни својства!
Зелена Глина | Надворешна Употреба
Login to see prices
518 ден / kg
Weight | 0.5 kg |
---|---|
Brand | |
Бренд (мак) | |
Е-Продавници | |
Маркети | , , , , , , |
Нето тежина | |
Дистрибутери | , |
Држава | |
Извозници | |
Производител | |
Vendor |
Историја на цени во последните 30 дена
Big shop - SKU 6: SKU: 2800014
SKU:
SKU: 2800014
Category: Останати
Tags: VITALIA NIKOLA I DR., ВИТАЛИА НИКОЛА И ДР.
Description
Reviews (0)
Be the first to review “Зелена Глина | Надворешна Употреба” Cancel reply
More Products
Reviews
There are no reviews yet